Промени тема
Контакт

Николоски: Цените на раноградинарските производи се двојно помали од лани, а репроматеријалите 3 пати поскапи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelstvo

Состојбите во земјоделието се алармантни и катастрофални. Денеска во средби со земјоделци во целата струмичка околија во општините Струмица, Ново Село, Босилево, Василево, разговараме со земјоделците и навистина ни кажуваат за алармантните состојби со кои се соочува македонското земјоделие, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Репроматеријалите се отидени некаде од 200 до 500 проценти нагоре, ѓубривото е поскапено за некаде 3 пати. Една вреќа ѓубриво која што до минатата година била 500 или 600 денари, сега е од 1.500 до 1.700 денари. Исто така поскапена е и нафтата, а на тој начин и обработката на земјиштето.

— реклама —

Од друга страна откупните цени на земјоделските производи се исклучително ниски. Така пролетната зелка која најмногу се сади во овој крај, се откупува за некаде 15 до 20 денари за килограм, што е исклучително ниска цена имајќи предвид дека минатата година се откупувала за 30 до 35 денари.

Во исто време минатата година ѓубривото беше 500 до 600 денари, а оваа година 1.500 до 1.700 денари. Минатата година нафтата беше 30 до 40 проценти поевтина, она што е сега и се уште земјоделците стравуваат дали за 15 до 20 денари ќе најдат пласман.

— реклама —

И затоа денеска се случува голем протест на земјоделците од овој крај во кој што бараат владата и министерството за земјоделие да преземат итни мерки, а не да бегаат. Слушнав дека министерот за земјоделие избегал од средба со земјоделците. Тоа не е начин на решавање на проблемите. Бегањето од проблемите не е начин на решавање на проблемите, затоа што доколку сакаат да бегаат треба да избегаат од владата и да се согласат на предвремени парламентарни избори кои што ќе ја решат маката на земјоделците.

— реклама —

Ние целосно го поддржуваме овој протест на земјоделците, сметаме дека заслужуваат пристојни цени и сметаме дека една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе знае да се справи со проблемите во земјоделието“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања