Промени тема
Контакт

Николоски: Да имаше добар предлог за Македонија, Ковачевски ќе славеше и ќе го објавеше, а Радев и Петков немаше веднаш да го прифатат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikoloski30062022.jpg

Да имаше добар предлог за Македонија, вечерва на прес конференција, Ковачевски ќе славеше на плоштад, ќе го објавеше и ќе покажеше што е добро за Македонија и затоа ова е обид за национално предавство, Ако внимателно се следеше прес конференцијата ќе се види дека тој скоро и ништо да не кажа, ги избегна сите прашања на новинарите и вртеше три реченици во круг, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во Клик Плус на ТВ 21, во врска со последниот предлог од француското претседателство за решавање на спорот со Бугарија.

— реклама —

Во врска со протоколот за историските прашања и прес конференцијата на Ковачевски, Николоски истакна дека Ковачевски изјави дека договорот за добрососедство бил обврска за Македонија а протоколот произлегува од член 12 на истиот тој договор.

- И затоа според нашите сознанија, измените се само семантички и е мала шминка. На пример нема да пишува протокол, ќе пишува разгледување на годишен извештај за спроведување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, што на крај е исто, рече Николоски.

— реклама —

Николоски прашува како е возможно предлогот да не го знае јавноста, да не го знаат медиумите, да не го знае ние ВМРО-ДПМНЕ, не само како опозиција, туку и како најголема политичка партија во Собранието со најмногу пратеници и најмногу градоначалници, а да го знае Еди Рама.

— реклама —

- Зошто се крие од јавноста? Пред две недели кога стигна францускиот предлог се лажеше цела јавност, дека не знаат што е и дека не учествувале во консултации во истиот, за вчера на пратенички прашања Ковачевски да потврди дека знаеле и учествувале. Јас директно го прашав дали во Скопје најмалку три пати крај на мај и почеток на јуни е дојдена француска делегација, и тој потврди дека е така. Да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија, потенцираше Николоски.

Николоски исто додаде дека власта го крие и овој предлог и повторно ќе го дознаеме од бугарските медиуми, затоа што нив им е добар, како што го објавија и првиот предлог.

— реклама —

Николоски истакна дека да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања