Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Николоски до Груевски: Партијата се прочистува, на народот му е преку глава од договори позади завеса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
protets-9-nikoloski

Многу теми не беа познати за јавноста. Претседателот Мицкоски имаше интервју за најголемиот весник во Европа ФАЦ во кој презентираше факти кои не беа познати. ВМРО-ДПМНЕ има еден систем на прочистување, на катарза кој веќе неколку пати го прави и тоа е една од причините за опстојувањето на партијата како најсилна политичка партија во Македонија и тоа го правиме и сега, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

— реклама —

Николоски потенцираше дека она што недостасувало во Македонија досега е тоа прочистување да се направи и во државата и тоа ќе се случи после победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

— реклама —

- Преку глава им е на луѓето од договори позади завеса на политичарите. Македонија стана земја на теории на заgовор во која луѓето повеќе веруваат во теорија на заговор затоа што политичарите од врвот ги хранеа тие теории со непринципиелните и нечисти договори позади завеса. На таа работа сакаме да и ставиме крај. Секако не е лесно и во сопствена политичка партија да го направите, но мора ако сакате партијата да чиста и здрава, за да може како таква да направи Македонија здрава и чиста од криминал и корупција, додаде Николоски.

— реклама —

Николоски истакна дека приоритет е како после победата ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во идната влада, како и тоа дека време е ДУИ да оди во опозиција.

— реклама —

- Една од основните работи е досегашнава владејачка елита, пред се мислам и на ДУИ да ја пратиме во опозиција и тоа е предуслов за функционален систем на владеење на правото. Второ е лошите пракси да се тргнат. Многу е важно луѓето што носат со себе, имаме добар тим и клучното дали луѓето се доволно чесни да направат чесна држава, изјави Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања