Промени тема
Контакт

Николоски: Ја поскапеа струјата а продолжуваат безмислосно да трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошења

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nikoloski

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алфа зборуваше за протестите кои денеска ВМРО-ДПМНЕ ги организира против поскапувањето на цената на струјата.

— реклама —

-Старо-новата власт, владата на лагата помеѓу СДСМ и ДУИ  продолжува со истите практики од пред изборите. Прво не е нова влада, ова е стара влада затоа што се работи за истите партнери и уште полоши се работи за истите министри на клучните позиции. Во првите недели од формирањето на старо-новата Влада ја поскапа цената на струјата со што директно удира  врз џебот на секој граѓанин во Македонија имајќи предвид дека ситуацијата е исклучително тешка заради економската криза предизвикана од корона кризата како и лошите економски политики кои што ги води оваа старо-нова коалиција, коалиција на лагата. Имајќи предвид дека БДП падна за рекордни скоро 13%, највисоко во целиот регион поскапувањето на струјата е директен удар  врз граѓаните особено е директен удар врз оние 40 000 луѓе кои што останаа без работа во овој период и некаде околу 30 000 до 50 000 луѓе кои што им се заканува останување без работа, истакна Николоски во своето гостување.

— реклама —

Тој посочи дека поскапувањето на струјата е директен удар врз земјоделците односно врз лозарите кои не можат да си го предадат својот род, а оние кои што имаат среќа да го предадат го предаваат по исклучително рекордно ниска цена во Македонија.

-Поскапувањето на струјата е удар врз оние кои што преживуваат од први до први и затоа решивме да излеземе денес од пред Министерството за правда и ќе маршираме до Регулаторната комисија за енергетика  која што е комисија под владата и од која ќе побараме да се укине ова зголемување на цената на струјата, истакна Николоски.

— реклама —

Николоски порача дека очекуваат гласот на илјадници граѓани кои ќе приклучат  денес да биде слушнат и да биде укинато поскапувањето на цената да на струјата затоа што тоа не соодветствува на економските прилики во државата.

-Во исто време поскапувањето на струјата создава огромен профит на универзалниот снабдувач односно на компанијата ЕВН која што го врши снабдувањето, а исто така гледаме дека имаме непродуктивни вработувања и во МЕПСО и во ЕЛЕМ кој се дел од креаторите на цената на струјата така што кога ќе се спојат ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ гледаме еден спој кој што точни води кон зголемување на цената на струјата , но тоа не е реално зголемување на цената на струјата, тоа е зголемување за екстра профит и за нови непотребни партиски вработувања во институциите, додаде Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања