Промени тема
Контакт

Николоски: Македонија со оваа влада не добива почеток на преговори,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
aleksandar-tvalfa1-16032022.jpg

Македонија со Заев, ова е сѐ уште влада на Заев датум за почеток на преговори со ЕУ не добива. Прашањето е дали можеме да помогнеме на македонскиот народ, да се испрати тој апел и сега да се искористи оваа шанса. Лично сум песимист, затоа што знам кој седи во владата во моментов но мое е да дадам максимум за тоа да се случи. Во однос на добивање на датум за преговори ќе ја потсетам јавноста дека во пролетта во 2018 кога постоеше една лажна еуфорија креирана од Зоран Заев и неговата екипа дека само што не почнале мед и млеко да течат по улиците во Македонија, и дека само е потребно името да се смени за ранот да дојде во Македонија. Јас излегов во јавноста и кажав, дека дури и Зоран Заев да се договори со Грција, тој нема да добие датум за почеток на преговори и Македонија нема да почне преговори сѐ додека тој и неговата влада се на власт, затоа што никој не седнува на иста маса со корумпиран политичар. 4 години подоцна, јас за жал сум во право, велам за жал, затоа што мојата држава не напредува. – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата ,,Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа.

Николоски додаде дека токму затоа е она нивно најважно барање, да се случат предвремени парламентарни избори бидејќи нема по злоупотребуван процес во Македонија од тој за евроинтеграциите. Додаде дека дури и киднапирањето на Кастриот Реџепи кога му се дала онаа позната понуда плата, била оправдана со некакви преговори во декември или јануари.

— реклама —
— реклама —

-Приказната со почеток на преговори е поврзана со перформансот на владата пред сѐ со борба со корупцијата, ваква корумпирана влада не добива преговори. Тука основниот проблем е што Бугарија го знае тоа и сериозно го злоупотребува. Знаат дека Македонија со оваа влада не е спремна, знаат дека во владата седат корумпирани политичари и дополнително си ги наметнуваат своите услови. – кажа Николоски.

— реклама —

Николоски рече дека оваа влада со Бугарија има лош пристап и тој пристап не се темели на јасна стратегија бидејќи не може најважното државно прашање да се решава без стратегија со гушкање и смеење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања