Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Николоски на работни средби во Рим и Ватикан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денес 10 Октомври до сабота 12 Октомври престојува во работна посета на Рим и Ватикан. Николоски ќе учествува на состанокот на Извршниот комитет на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ)- светска организација на центар десни партии во која ВМРО-ДПМНЕ беше примено минатата година и беше прв меѓународен успех на новото раководство на партијата. Николоски исто така ќе има билатерални средби со Италијански политичари, а ќе има и аудиенција во Ватикан.

Посетата Николоски ќе ја започне вечерва со работна вечера со Андрес Пастрана- Претседател на ЦДИ, а утре ќе учествува во работата на Извршниот комитет, како и на основањето на Младинска организација на светски десничарски партии. Во рамки на работата на ЦДИ Николоски ќе информира за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите во партијата, акцијата Обнова на Македонија како и очекувањата за брзи предвремени избори после кои ВМРО-ДПМНЕ би ја формирало Владата. Ќе информира и за растечката корупција, уништената економија и немањето владеење на правото со Владата на Заев.

— реклама —

Во рамки на својата посета Николоски утре исто така ќе се сретне со Масимо Кандура- сенатор од партијата Лега на Масимо Салвини, партијата со која ВМРО-ДПМНЕ почнува да гради блиски реалции. На истата ќе се зборува за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и меѓу Македонија и Италија.

— реклама —

Николоски утре ќе учествува и на работна вечера организирана од Винчензо Амендола- министер за европски прашања на Италија. На средбата Николоски ќе побара ЕУ да не ги казнува македонските граѓани заради неспособноста и криминалот на Заев и да определи датум за почеток на преговори со ЕУ.

— реклама —

Во сабота Николоски ќе има приватна аудиенција во Ватикан на највисоко ниво. Во разговорите се очекува да зборува за продлабочување на односите на Македонија и Светата Столица на сите полиња имајќи го предвид силното влијание на Ватикан во Западниот свет.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања