„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николоски: Не е возможно нон-пејперот да излезе во Австрија, а за преговорите тука да дознаваме од вести, бараме Национална стратегија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikoloski-1

Владата на Зоран Заев го става прашањето со Бугарија под тепих, велеше дека сите проблеми се решени и договорот е совршен, како и клучното прашање зошто се пристапува на овој процес нетранспарентно? – праша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во гостување во Телевизија 24.

— реклама —

-Денеска ќе поднесеме точка на дневен ред каде ќе бараме информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблемот со Буагрија, затоа што власта не доаѓа на комисиска расправа, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии - потенцираше Николоски.

-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захариева и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.

— реклама —

Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е загрозување на иднината на македонскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања