Николоски: Неколку поранешни лица од ВМРО-ДПМНЕ соработуваат со Заев и прават дефокус од вистинските проблеми како вакцините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski-2

Во вечерашното издание на дебатната емисија "360" на Телевизија Алсат гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на барањето од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28-ми март.

— реклама —

Неколку поранешни лица од ВМРО-ДПМНЕ соработуваат со Заев и преку Центарот за комуникации на СДСМ прават дефокус од вистинските теми, вели Николоски.

— реклама —

Николоски вели дека најважно прашање е дали во земјата ќе стигнат вакцини до 28-ми март, а не дали ќе се одржи некаков конгрес. На јавноста и е јасно дека неколку поранешни соработници од ВМРО-ДПМНЕ, сега веќе блиски на власта, работат заедно со Центарот за комуникации на СДСМ и прават дефокус на јавноста од реалните проблеми кои ги имаат граѓаните.

— реклама —

Во однос на локалните избори и можните листи од страна на иницијативниот одбор, Николоски потенцираше дека Република Македонија е демократска држава и како таква треба да пружи шанса на секој кој мисли дека заслужува доверба од граѓаните или на секој кој смета дека може да освои гласови.

ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија која што и во минатото и сега дава шанса на секој кој сака да помогне во борбата за подобра и поуспешна Македонија. Така и овој пат, секој кој смета дека може да се вклучи во битката за пад на оваа ненародна власт е добредојден, а секој кој смета дека треба да е на спротивната страна, тоа е нивно легитимно право, истакна Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ на последниот Централен комитет донесе одлука за одржување на конгрес на партијата на крајот на месец ноември 2021 година. Тоа значи дека сите други информации во однос на вонреден конгрес се на шпекулативно ниво и не можат да се земат како сериозни изјави, заврши Николоски.

фото: prtsc Телевизија Алсат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања