Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Оддаваме почит на хероите од Карпалак кои ги дадоа животите за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-22.06.2022

Тука сме денес да оддадеме почит на хероите коишто бранејќи ја Македонија, независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001 година ги дадоа своите животи на Карпалак. Нивниот спомен е вечен, тоа е спомен кој што ќе остане векови пред нас, генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Република Македонија, но во исто време тоа е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна држава, да се гради Македонија како напредна држава. Така што денес затоа сме тука да оддадеме почит и да кажеме слава им на овие херои, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дозволете ми во оваа прилика зборувајќи за стабилна, напредна и економски просперитетна Македонија, но и Македонија во која што ќе има функционална правна држава и функционален систем на владеење на правото уште еднаш да отворам една тема која што е многу актуелна во Прилеп, а тоа е поврзана со безбедноста на Прилеп и на прилепчани.

— реклама —
— реклама —

За жал градот се претвори град од див запад, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со они со кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е созбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи, дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески, кој што е денес до мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, исто така на вработена во општината и бројни други случаи за коишто чаршијата во Прилеп гласно заборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат.

— реклама —

Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се. После промената на власта секако дека ќе бидат и откриени и казнети, но заради безбедноста на градот, добро е да бидат веднаш процесуирани затоа што ниеден криминал нема да биде заштитен“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања