Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Николоски: Вице Заев ме тужи за нарушена чест и углед , а по мојата изјава чувствувал вознемиреност, главоболки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

nikoloski

Вице Заев ме тужи за нарушена чест и углед, а не се појави на подготвителното рочиште и прати свој адвокат.Јас решив да се бранам сам затоа што сметам дека немам потреба од адвокати и правна помош затоа што тужбата е класичен „нон-сенс“ и е исклучително политички притисок, ова денеска пред Основниот суд Скопје 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Вице Заев ме тужи за нарушен чест и углед затоа што сум кажал дека „про НАТО и про ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на фамилијата и братот на премиерот кој што станува главен бизнис фактор во државата“, во телефонско јавување во еден медиум и сум кажал дека „и во Брисел и во Вашингтон, тоа не се про Западни, про НАТО и про европски вредности“. Ова е причината зашто го малтретираме судот, зашто се трошат средства, зашто се одзема и вашето време и моето време, но очигледно пораката е друга, пораката на главниот бизнис фактор во државава е до сите бизнисмени во државава да размислат дека ако може главниот бизнис фактор во државава да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вториот човек на опозицијата, што може да им се случи на нив, потенцираше Николоски.

— реклама —

Тој додава дека верува во правниот систем на државата и на следното главно рочиште ќе ги видите и доказите кои што ги имам приложено и соодветно на тоа очекувам судот да го отфрли ова барање, односно да не ја прифати тужбата.

-Во однос на притисоците од власта повикувам да престанат, ова е една лоша практика која не смее да продолжи да се случува. Сакам да ја потсетам јавноста дека поради ваквите чести случувања во координација и на власта и опозицијата пред неколку години се донесоа измени на законот за клевета, кој што ја опишува слободата на изразување во кој што јасно ставивме граници со цел за да вакви „нос-сенс и глупави“, нема друг збор пријави не се случуваат, но за жал од СДСМ решаваат тоа да не го почитуваат, додаде Николоски.

— реклама —

На новинарско прашање Николоски вели дека доказите кои што ќе ги приложи пред судот се веќе прикажани во одговорот на тужбана, а поентата е дека тоа што го кажал Николоски е во својство на потпретседател на опозициона политичка партија која што има право да ја напаѓа работата на владата и има право да го искажува своето мислење за начинот на работа на владата.

Николоски уште додаде дека Вице Заев од неговата изјава чувствувал вознемиреност, главоболки, потење и црвенило на лицето.

Следното рочиште е закажано за 26 февруари во 12:30 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања