Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во основните и средните училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski25012022

- Од ВМРО-ДПМНЕ не можат да очекуваат ништо друго освен да сме жестока опозиција на оваа сиромаштија и на оваа пљачка која му се случува на народот затоа што нас ни се повторуваат сцените од 90-тите. Јас бев дете и убаво се сеќавам кога се чекаше ред за леб, за млеко и масло и кога на бензинските пумпи се чекаше за да се стави гориво, еден ден возеа тие со парна регистрација, друг ден тие со непарна и истите тие сцени ни се повторуваат 30 години подоцна – празни рафтови, тоа што има е екстремно скапо и бензин или нема или е екстремно скап.

— реклама —

Така што, СДСМ во 90-тите и СДСМ на власт сега се истите проблеми. Во однос на регионот, во Србија ситуацијата не е таква, во Црна Гора не е таква, во Хрватска не е таква и во Грција не е таква. Еве четири примери само од регионот да не одиме подалеку, така што власта мора да си најде одговори на овие прашања како што треба на пример да им одговори и на земјоделците од мојата четвртата изборна единица, што ќе се случува со раноградинарските производи. –рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостувањето на Тема на денот во дневникот на телевизија Сител.

— реклама —
— реклама —

Во однос на тоа, Николоски даде предлог, наместо владата да троши нерационално, да ги откупи сите земјоделски производи и да им ги подели во средните и основните училишта, посочувајќи дека на тој начин и учениците ќе добијат здрав и бесплатен оброк, а ќе им се помогне и на земјоделците нивниот род да не биде фрлен.

— реклама —

- Имаат доволно пари во буџетот ако рационално го трошат, нека го откупат целокупното земјоделско производство и нека го поделат во средните и основните школи, ем учениците да добијат здрав и бесплатен оброк, ем земјоделците да не треба родот да го фрлат, ем да заработат нешто. Еве еден предлог малку да намалат со расипништвото и крадењето, многу бенефит ќе види народот, порача Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања