Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ ќе работи за силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nikoloski

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ  втор ден е на Конгресот на христијанско-демократската унија тука во Лајпциг, имаме интензивни средби со нашите пријатели од ЦДУ, владеачката партија во  Германија којашто 15 години успешно ја води Германија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Разговараме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, разговараме за промените коишто треба да се случат во Македонија, разговараме за сите штетни политики коишто ги направи владата на Заев, ги информираме за криминалот и корупцијата на Заев, за обидот да шират лажни вести и паниката којашто ги снајде. Ги информираме за подготовката за предвремените парламентарни избори коишто треба да се случат на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ очекува да понесе убедлива победа, после којашто новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ и со Германија, ќе се обиде да привлече што поголем број германски инвеститори, да дојдат и да инвестираат во Македонија.  Основно за Македонија се нови работни места, а за оние коишто работат повисоки плати. Втората цел е воспоставување на силен систем на владеење на правото и борба со корупцијата, тука исто така ќе ги користиме искуствата на ЦДУ, значи силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Можам да кажам дека сум задоволен што во овие два дена тука во Лајпциг, како и претходно во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има силна меѓународна поддршка, тоа не може да го помати никаква прес конференција на СДСМ или лажни вести, или лагите на Заев и неговите компањони. Сите во Македонија знаат дека Заев е виновен за пропаста на Македонија, сите во Македонија знаат дека Заев Македонија ја води назад, како што исто така знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен тим, тим на стручњаци, на експерти, на докажани луѓе од партијата и на нови лица коишто доаѓаат, коишто ќе ја изведат Македонија на прав пат, економски силна и стабилна, и Македонија во којашто ќе владее правната држава.

— реклама —

Продолжуваме денеска со средбите тука да ја продлабочиме соработката помеѓу Македонија и Германија , помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото:Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања