Не доаѓаат позитивни сигнали од ЕУ за Македонија. Ако треба да направам оценка денес, мислам дека најдоброто што може Македонија да го очекува е многу услови, откако ќе се исполнат тие услови дури тогаш да се отпочнат преговори некаде за година и пол до две од сега. Самата одлука за датум пак ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава па гледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.
-Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Второ, владата на Заев не даде аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија, напротив даде аргументи за да ја напаѓаат затоа што со афери како Рекет и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори. Тука е и моментот што Македонија е ставена во иста група со Албанија која е држава со најлош имиџ во Европа. Ставањето на македониа во група со Албанија е нешто на што ние преупредувме април минатата година е најлоша работа што може да и се случи на Македонија, истакна Николоски.