„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николоски: Захариева да одговори зошто Македонците не бараа пасоши пред Бугарија да стане член на ЕУ и зошто ги земаа пасошите и заминуваат, а не остануваат во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Nikolovski

Во вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и одговори на бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева за нејзината изјава за заштита на луѓето кои поседуваат бугарски пасош во Македонија, од страна на бугарската држава.

— реклама —

Николовски ја запраша Захариева зошто овие луѓе не побарале бугарски пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ и зошто овие луѓе не живеат во Република Бугарија.

„Она што сакам да и го порачам на Захариева е следното, да ги праша овие 86-7 илјади луѓе, како што вели таа, дали тие воопшто се загрижени за Бугарија и да ги праша уште едно конкретно прашање, како не бараа бугарски пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ и зошто ако земале бугарски пасоши не живеат во Бугарија“, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека одговорот на овие прашања е од социо-економски карактер и дека овие луѓе вадат бугарски пасоши за да отидат во земјите од ЕУ, да заработат и повторно да се вратат во Македонија.

„Одговорот е едноставен, луѓето бараат парче леб, подобар живот, ги земаат тие пасоши и одат работат во Германија, Франција во други земји членки на ЕУ, заработуваат по некои денар и си се враќаат назад во Македонија да можат да живеат“, изјави Николоски.

На крај Николоски заклучи дека, токму ваквите изјави на бугарските власти се ударот на Македонската државност кој се обидуваат да го направат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања