Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Николов: Имаме програма за развој на Штип, целосно сме посветени и на заштитата на јавното здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikolov-1

Пред нас стои шансата да го движиме нашиот Штип по патот на напредокот и да го развиваме онака како што посакуваат штипјани. Започнатите проекти и тие кои наскоро ќе ги реализираме, се во согласност со потребите на градот и барањата на сите кои живеат тука. 3 години, стоиме исправени пред вас, горди што реализираме крупни проекти со кои се олеснува секојдневниот живот на граѓаните. Но, истовремено, соочени со кризата од коронавирусот, сме целосно посветени и на заштитата на јавното здравје, истакна Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип од СДСМ.

Тој додаде:

— реклама —

Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани.

Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска.

Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори.

— реклама —

Ќе ја продолжиме успешната соработка со Црвениот крст за достава на намирници и лекови до домовите на повозрасните и изнемоштени лица.

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе продолжиме да работиме.

Дел од нашата програма е и реализацијата на проектот 100 типски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства. Ова значи нов топол дом за нашите граѓани, на кои им се решава животно прашање – стекнување на свој дом.

— реклама —

Во време на светска пандемија која остава и здравствени и економски последици, наша одговорност е да направиме се` во наша моќ, да ги поддржиме сите нашите граѓани.

Самохраните родители и натаму нема да имаат обврска да плаќаат за престој на нивните деца во градинка.

Во соработката со здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување.

— реклама —

Никој не е сам!

Како градоначалник ќе се посветам целосно на заштитата на јавното здравје, поддршка и помош на сите граѓани кои се во потреба и на долг рок на создавање квалитетни услови за живот и работа за сите од најмладите до највозрасните. Тоа е моја обврска, тоа е мојата заклетва пред вас.

Штип заслужува да е во сигурни раце, истакна Николов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања