Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Николов: Одлуката за стопирање на градба на нов клинички во кампусот Мајка Тереза е иста како и одлуката за носење на прогресивен данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
igor

Триото Заев-Дончев- Филипче и по три години владеење не прави ништо освен што ги лаже граѓаните, лекарите и здравствените работници.  Последна во низата лаги е онаа за покачување на капитациите на матичните лекари, стоматолозите и гинеколози. Колку за илустрација, на власт дојдоа со ветување дека на матични лекари ќе им ја покачат капитацијата, од парите што ФЗОМ и тоа од 55 денари на 90 денари, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Замислете, сега капитацијата ја покачуваат за само 8 денари, а ветија 35 денари!

Ова е само дополнителен чекор со кој што ги бркаат здравствените работници од земјава, а устите им се полни дека преземаат мерки со кои ги задржуваат лекарите во државава!

Дојдоа на власт со лаги, продолжуваат и во текот на мандатот со лаги, и сега кога се на заминување, само сега очигледно се во лов на гласови.

Да ги потсетиме, зошто очигледно се прават дека не знаат или не се  сеќаваат. Прилика и воедно да ги прашаме:

Каде е платата од 100 илјади денари за специјалистите? Каде се 30.000 денари за средниот персонал? Ветувавте дека до 2020 година платите на докторите специјалисти ќе изнесуваат минимум 100.000 денари.

— реклама —

Каде е бесплатното болничко лекување за граѓаните?

Зошто ситемот Мој термин не е надграден? Сега не ни функционира, а во програмата План за живот ветивте „ќе го надградиме „Мој термин“ во систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно определени рокови и одговорност“.

Зошто не е ни започнат процесот на изградба на нов клинички центар? Досега да работеа до сега ќе го изградевте планираниот во Кампусот Мајка Тереза.Ветивте „а тие наместо Клинички центар не успеа да направат ниту паркинг.

Зошто го уништувате системот на јавно здравство, тоа се прашањата на кои што треба да одговори СДСМ. Ова набројаното се само дел од лагите на СДСМ,а сето горе е  белег на владеењето на Заев, Филипче и Дончев кои се единствено симбол за корупцијата и криминалот, местење на тендери

— реклама —

Се што се фати се уништи.

Сега патот на оваа Влада е јасен и е во еден правец. Граѓаните во април 2020 година ќе стават крај на ваквото владеење на Заев, и неговите министри и функционери, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања