„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николов: СДСМ ќе го води Штип и наредните десет месеци, наредните четири години и уште четири години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikolov

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов  на прес конференцијата истакна дека во Штип извојуваа победа затоа што како што рече: Јаки сме затоа што сме заедно. Еден за сите, сите за еден. Браво.

— реклама —

-Денес покажавме дека во Штип владее демократија, покажавме дека секој што сака да ја блокира, опструира, деструктуира оваа наша преубава општина, местото не му е тука. Ама, ние ќе им дадеме повторно шанса на сите што се обидоа да бојкотираат, да си седнат дома, да си размислат и да дојдат да ја направиме оваа општина како што треба. Штип е град на сите штипјани, така и ќе остане. Кој од која политичка партија е, нас не не интересира. Важно е дека СДСМ ќе го води Штип и наредните десет месеци, наредните четири години и уште четири години. За понатаму ќе оставиме здравјето и Господ, истакна Николов.

Тој рече дека цензусот на гласањето за градоначалник на Штип е обезбеден без телефонски да се бараат гласачите и да се притискаат да излезат на гласање.

— реклама —

„И покрај сите опструкции кои ги направија, покажавме дека Штип е демократски, политички и историски град и на еден достоинствен начин го постигнавме цензусот и повеќе од цензусот. Само да покажеме дека ниту една опструкција, од ниту една опозиција не може да помине. Луѓето се слободни, можат да зборуваат што сакаат, да кажат што сакаат, кога сакаат и никој да не биде казнет, уценуван. На ниту еден гласач никој не му се јавил, не бил притиснат да излезе да гласа. Тоа е големото задоволство. Најважното нешто сте сите вие кои на џентламенски начин покажавме како можеме да им ја објасниме програмата, без да ги малтретираме луѓето на трибини, масивни собири“, додаде Николов.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања