Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Николов: Три години, триото Заев-Дончев-Филипче, го третираат здравствениот систем како да е нивна приватна сопственост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
igor-nikolov

Три години, триото Заев-Дончев-Филипче, го третираат здравствениот систем како да е нивна приватна сопственост. Ако има профит од работата тогаш е во ред, ако нема профит, одат на друга, народски кажано, тераат друга зделка.

Деновиве станаа кристално јасни две работи: 1. Пропадна проектот јавно приватно партнерство во детската хирургија, 2. Триото Заев-Дончев-Филипче, немаат намера да признаат за дебаклот, да понесат одговорност и да се обидат да ги вратат работите во нормала, туку тераат и други проекти на јавно приватно партнерство, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија беше најавуван како еден од најуспешните проекти на Филипче, но за жал се случи дебакл односно   повторно што допреа, упропастија.

— реклама —

Се поставува прашањето: Колку чини оваа екскурзија и кој ќе ги надомести штетите?

— реклама —

Зошто не се признае грешката, и здравствената услуга на детската кардиохирургија да се врати во Универзитетската клиника за детска хирургија, a не сега единствениот лиценциран тим за детска кардиохирургија повторно да се сели, наваму натаму или да се растура.

Се поставува прашањето: Зошто Филипче се откажа од детската кардиохирургија во јавното здравство? Врз основа на кои параметри и кои заклучоци Филипче се реши во јавното здравство да не се изведува операции или здравствена услуга на детска кардиохирургија?

На големо се најавуваше јавно приватно партнерство, дури потпиша и договор со приватна болница. А што направи со тоа? Ги премести сите кадровски потенцијали од јавно здравство, го растури тимот, а сето ова резултираше со укинување на оваа процедура детска кардиохирургија во јавното здравство иако постои опрема од милион ипол евра која што е на Универзитетската клиниката за детска хирургија. Таа опрема е неотворена.

Стои отворено прашањето, зошто денес откако проектот јавно приватно партнерство пропадна, зошто детската кардиохирургија не се врати на Универзитетскста клиника за хирургија?

Заради тоа министре, го прашуваме,

Каде ќе изведуваат кардиохируршки операции за деца понатаму? Кој ќе ги прави?

Зошто тимот не се врати на Универзитетската Клиниката за детска хирургија?

На кого се Фондот за здравствено осигурување ќе му дава средства за детска кардиохирургија?

Министре, многу прашања малку одговори.

Не заборавајте, на власт сте повеќе од две години, а викате стартуваме со проект, почетна фаза, е како ќе оди ќе видиме понатаму, ќе видиме. Кога понатаму министре?! Кога ќе заминете од функциите?

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, дека кога ќе дојде на власт, Детската кардиохирургија ипроцедурите на детската кардиохирургија  ќе ги врати во јавното здравство, на УК за детска хирургија. Домашни експерти во соработка со светски стручњаци од областа ќе ја вршат оваа процедура да биде достапна за граѓаните под најдобри услови.

Денес, единствено останува триото Заев-Дончев-Филипче да се спакува и да ги напушти функциите. Да го ослободи здравството од нивното штетно и коруптивно однесување, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања