„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневно политички пресметки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
igor

Дојдени сме во таа фаза на епидемијата со корона, да секојдневно се соочуваме со човечки трагедии. Борбата со вирусот ниту е предвидлива, ниту е лесна, а бара систематски и организиран пристап, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За да знаеме точно со што се соочуваме и каков и колкав ни е противникот, потребно е да имаме што повеќе тестирани граѓани. Особено потребно е да се тестираат ризичните групи, а тука спаѓаат и лекарите и здравствените работници.

Деновиве,  сведоци сме дека власта го намалува бројот на тестови и тестирани граѓани, а со самото тоа го намалува и бројот на ново дијагностицирани пациенти. Постојат болници во кои поголем број од персоналот е позитивен на корона, но и покрај тоа не се тестира целокупниот персонал на лекари и здравствени работници. Која е целта? Како тогаш ќе застанеме и ќе ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба?

— реклама —

Како ќе можат да се предлагаат мерки и постапки за борба со епидемијата, мерки кои ќе дадат резултат?

Се поставува прашањето дали тие болници се извор на зараза? Дали персоналот е извор на зараза или можеби закана за граѓаните?

И додека сите соседни земји, го зголемуваат бројот на дневно реализирани тестови, кај нас власта никако да сфати дека тестирањето не смее да се користи за манипулација и дневно политички пресметки. Тестирањето е од јавен интерес.

Апелираме и бараме уште еднаш, тестирањето за корона да биде на увид на стручно тело,  потребен е сериозен пристап, потребно е професионално да се вклучат сите надлежни институции, потребно е да се престане да се манипулира  на граѓаните.

Потребно е Венко Филипче да престане да манипулира и да почне да работи, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања