Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Николова: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


СДСМ го штити стандардот на граѓаните, со новите мерки и одлуки на Владата се намалуваат цените на над 500 прехранбени производи во 25 категории, изјави на прес-конференција пратеничката, Даниела Николова.

— реклама —


— реклама —

Со оваа одлука, како што се наведува, се намалуваат цените на лебот, оризот, месото, млекото, јогуртот, сирењето, кашкавалот, брашното, јајцата, овошјето, зеленчукот.


— реклама —

„Граѓаните до 30 ноември по намалени, замрзнати цени ќе можат да купуваат и пекарски производи, бисквити, тестенини, салами, павлака. Овие прехранбени производи ќе се продаваат за 10 проценти пониска цена во однос на цената по која што се продавале на 1 август. Дополнително, кај дел од производите кај кои од август до сега е забележано енормно покачување на цените може да има поевтинување и за 30 проценти. Маркетите до крајот на неделата се должни на сите производи за кои важи мерката да ги обележат со ознаката „гарантирана цена“. Ваквите мерки освен што директни влијаат на намалување на секојдневните трошоци на граѓаните за храна, ќе влијаат и на намалување на инфлацијата“, рече Николова.

— реклама —

СДСМ е на страната на граѓаните и останува посветена во заштита на животниот стандард.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања