„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николов:Директорката на ДСЗИ Бухова, наместо за граѓани работи за партијата, бараме нејзино разрешување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
igor

И додека се наоѓаме во екот на борбата со корона епидемијата. Пресудно во оваа борба е здравјето на лекарите, медицинските сестри и техничарите. Тоа се тие кои што секојдневно се изложени на ризик од вирусот за сопственото здравје, како и ризикот за своите деца и своите семејства, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Пресудно во оваа борба е тестирањето на пациентите кои се сомнителни за корона како и навременото добивање на резултати.

Пресудно е да се набави опрема која е неопходна за третманот на пациентите. Наместо тоа од медиумите се дознава за секојдневни обиди да се набават респирастори кои се објавуваат, па се раскинуваат и сето тоа внесува голема недоверба кај сите, медицинските работници и кај пациентите.

— реклама —

Денес сме сведоци дека Министерството за здравство, наместо да го зголеми бројот на тестови ги намалува, а се со цел да манипулира. Наместо тестирањето на пациентите и ризичните групи како лекарите и здравствените работници, да биде главно оружје во борба со епидемијата, тие ги користат за манипулираат резултатите и за дневно политичка пресметка.

Во таа пресметка се вклучени сите институции, меѓу кои и ДСЗИ кои наместо да работат за доброто на граѓаните, активно се вклучени да помогнат во политичките дискриминации и девалвации на челниците на СДСМ. Заради тоа, бараме веднаш да се разреши директорката на ДСЗИ Ирина Бухова, која се своето непрофесионално однесување директно е вклучена и директно завзема страна во политичките пресметки на челниците од СДСМ, а сето тоа на штета на лекарите. За Бухова најлесно е да ги казни лекарите, наместо да ја изнесе вистината за политичката пресметка во која е втурната.

Бараме да се овозможи јавен увид на резултатите од тестирањата, и да се престане со манипулација со резултатите од тестирањата, нивното спроведување и нивното објавување.

Бараме да се заштити медицинскиот персонал и здравствениот систем, со брзо тестирање на пациентите кои се сомнителни и добивање на навремени резултати. На тој начин ќе може и да се задоволи потребата за третман на пациентите кои што имаат друга патологија освен Ковид.

Надменоста и неприфаќањето на предлозите само дополнително доведува до нови проблеми. Не можеме долгорочно да се спротивставиме на епидемијата со нови заболени лекари, медицински сестри и болничари.

Филипче треба да преземе мерки, доста беше фиктивна изолација заради средба со една негативна личност, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања