Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Николовска: И шверцерот на цигари Боро Малборо добил лиценца за марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kanabis

Скандалот “Канабис – милионите на Заев” го достигна врвот.  Денеска ќе објавиме нов скандал во врска со фирма која добила концесија за одгледување марихуана. Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, истакна Ружица Николовска од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината.

Што ли треба да очекуваме од оваа фирма?

— реклама —

Дали Зоран Заев навистина доделил лиценца на синот на осудениот за шверц градоначалник на СДСМ од Ново Село Боро Стојчев?

Ако видовме дека шверцот на цигари е семеен бизнис на градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, дали ова значи дека нареден семеен бизнис на Стојчеви е шверцот на марихуана?

Која е цената на оваа издадена лиценца? Дали оваа лиценца е издадена во замена за укинатиот семеен бизнис со шверц на цигари од претходно?

Ова е можеби и врвот на скандалот “Канабис – милионите на Заев”, скандал пред кој не смеат да замижат ниту јавноста, ниту институциите.

За ова одговорност мора да има.

Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, меѓу кои и на син на осуден градоначалник за шверц на цигари.

Следува Обнова на Македонија после 12 април и следува одговорност за сето ова што го прави Владата на Заев, истакна Ружица Николовска од ВМРО ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања