Промени тема
Контакт

Николовски: Бранко Црвенковски е историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikolovski

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на неговиот фејсбук профил објави дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ, а дека поранешниот партиски лидер и екс претседател на државата Бранко Црвенковски е историја.

— реклама —

-Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи. Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината. Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ. СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја, стои во објавата на Николовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања