„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николовски: Единствена Македонија во Собранието повторно ги поднесе амандманите на Изборниот законик и Деловникот на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија, денеска, среда, 13 ноември 2019 во Собранието на Република Македонија повторно ги поднесе амандамните на Изборниот законик и Деловникот на Собранието.

— реклама —

Во изјава за медиумите, портпаролот на Единствена Македонија, Синиша Николовски рече:

Почитувани,

— реклама —

Единствена Македонија подржува промена на изборниот модел, од шест во една изборна единица. Ова е наша стара заложба уште пред девет години.

Поточно, нашата партија на 22 јули 2010 година под број 07-3264/1 има поднесено Иницијатива до Собранието за изменување и дополнување на Изборниот законик со три амандмани.

Ова е нашата Иницијатива од 2010 година. Денеска повторно ја поднесуваме Иницијативата со оглед што нашата Иницијатива од пред девет години остана закочена во собраниските фиоки.

Со првиот амандман предлагаме територијата на Република Македонија да биде една изборна единица со што се овозможува правичност и еднакво вреднување на секој глас во изборниот процес и најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати

Со вториот амандман предлагаме еднаквост на претставниците на сите партии на 3.480 избирачки места. Недозволиво е претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кутиите на избирачките места на денот на изборите да добиваат дневница од Буџетот, а претставниците на другите партии треба да најдат набљудувачи - доброволци или да ги платат од сопствени средства. А станува збор за 3.480 набљудувачи и нивни заменици или севкупно 6.960 лица на кутиите на изборниот ден од 7 до 19 часот.

Со третиот амандман  предлагаме  членовите на Државната изборна комисија по престанок на функцијата да се вратат на претходното работно место, и истовремено да не можат да бидат именувани или избрани за носители на јавни функции за период од 4 години по престанокот на функцијата во ДИК. Со ова се намалува опасноста од нивна партиска поврзаност, која е највидлива токму по изборите, кога за “успешната работа” во изборниот процес, дополнително членови на ДИК се наградуваат со јавни функции, а кое нешто стана речиси непишано правило по завршувањето на изборите.

За крај, да спомнам уште дека со нашата Иницијатива пред девет години, покрај поднесувањето на три амандмани на Изборниот законик за кои зборував, тогаш поднесовме и еден амандман на Деловникот на Собранието на Република Македонија со кој бараме и вонпарламентарни партии да поставуваат прашања во Собранието до носителите на јавни функции кое нешто е пропишано во повеќе земји - членки на Европската Унија. Со ова се обезбедува остварување на интересите и на оние што гласале за вонпарламентарните партии, а чиј број треба да се почитува, бидејќи на секои парламентарни избори нивниот број изнесува помеѓу 70 и 90.000 гласачи.

Повикуваме било кој од пратениците или пратеничка група да ја започне законодавната постапка и најпосле да ги процесуираат поднесените амандмани од наша страна, бидејќи согласно прописите, секој пратеник е овластен предлагач.

Очекуваме пратениците да бидат на висината на задачата и со усвојување на предложените амандмани да покажат државнички капацитет и одговорно лидерство за фер изборен натпревар на изборите закажани за 12 април 2020 година, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања