Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Николовски: Го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште -склучени 318 договори за државно земјоделско земјиште до 3 хектари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
62375166_672710683201257_3543868367372812288_n

Вкупно 318 договори ќе се склучат за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Потпишувањето на договорите започна од денеска. На денешното потпишување министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека со овој јавен повик се доделуваат вкупно 600 хактари земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари.

За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овој повик земјоделците имаа можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја.

— реклама —

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со транспаретна поделба на државното земјоделско земјиште под закуп. Ме радува што интересот за овој јавен повиук беше огромен, и досега ова е најголема бројка на склучени договори. Доставените понуди се однесуваат на земјоделско земјиште во државна сопственост во 33 региони во државата. Овој јавен повик се однесуваше на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари кое се од 4 до 8 катастарска класа, односно парцели кои се со понизок квалитет, но сепак може да се искористат за земјоделско производство. Нашата цел преку овој повик беше да го ставиме во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни“, изјави Николовски.

— реклама —

Земјиштето за кое што се склучуваат договори може да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

МЗШВ на овој начин создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште.

— реклама —

Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски површини.

Изминатиов период се склучија и 17 договори со вкупна инвестиција од 11 милиони евра за огласот за давање под закуп на државно земјоделско  земјиште над 3 хектари, т.н инвестициски оглас. Вложувањата таму ќе бидат во следните пет години, а ќе се инвестира во изградба на винарии, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри. Паралелно МЗШВ објавува нови јавни огласи. Во моментов во владина процедура се два јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 и над 3 хектари, и до крајот на месецов ќе бидат објавени. Воедно се подготвува и нов инвестициски оглас.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања