Промени тема
Контакт

Николовски: Го започнуваме процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никоовски денеска го потпиша договорот со кој се започнува процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Република Северна Македонија.


Оваа логистичко-дистрибутивна платформа, како стратешка инвестиција, предвидено е да се простира на околу 30.000 метри квадратни и да процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук. Таа ќе овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни и свежи прехранбени производи, ќе овозможи поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор, за домашниот и меѓународниот пазар.

— реклама —


„Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа дава поголема сигурност и на едно место ги поврзува сите земјоделци, нудејќи им преку оваа логистичка платформа можност за пласман на нови пазари за нашите домашни земјоделски производи. Најпрво логистичко-дистрибутивна платформа на потрошувачите ќе им понуди висококвалитетни и безбедни производи, односно уште повеќе ќе ја подобри и зајакне безбедноста на храната и хигиенските услови. Понатаму социо-економскиот развој е уште една цел на логистичко-дистрибутивна платформа, преку отвореање на нови работни места, поголем и подобро организиран извоз на македонските земјоделски производи и поголеми стандарди за производите. Намалувањето на влијанијата врз животната средина и формализирањето на пазарите е уште една поставена цел со изградбата на овој значаен капитален проект“, истакна министерот Николовски.

— реклама —

Средствата за изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, кој се финансира со заем од Светска Банка во износ од 46 милиони евра 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА фондовите. Логистичко-дистрибутивна платформа е дизајнирана да служи како фокусна инфраструктура за системите за агрегација за свежа храна, маркетинг и дистрибуција и да биде сврзно ткиво за откупните центри во Струмица и во Ресен.


Договорот во износ од 774.768 евра, кој денеска го потпиша министерот Љупчо Николовски, заедно со избраното консултантско партнесрство, составено од ИРД Инженеринг, Италија како главен партнер, потоа АД АГТ, Италија и АД Градежен Институт Македонија како партнери, е поделен во неколку фази.

— реклама —

Првата фаза се фокусира на избор на соодветна локација, урбанистичко планирање, физибилити студија, стратешки и бизнис план, проценки на влијанието врз животната средина и социјални аспекти, како и прирачник кој ги содржи операциите на платформата. Втората фаза вклучува подготовка на главен проект и финализирање на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Оваа фаза ќе го отвори патот за добивање на потребните градежни дозволи, обезбедувајќи усогласеност со националното законодавство и стандардите на FIDIC.


Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа не е само градежен проект, туку заедно со двата откупни центри во Струмица и Ресен е симбол за посветла иднина во земјоделскиот сектор во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања