Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Николовски и Бабовски немаат мерки за спречување на ширење на свинската чума, вели Трипуновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
300290142_608649760828791_5208148528990164711_n

Фотографијата е доказ за неспособноста и негрижата на министерот Љупчо Николовски и директорот Николче Бабовски, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Имено, додека Николовски е на службено патување на државна сметка, додека чекаме координативното тело да излезе во јавноста и ги презентира мерките за брзо ограничување на болеста африканска чума кај свињите, одгледувачите на свињи се снаоѓаат како знаат и умеат.

Луѓе, дајте посериозен пристап, болеста не чека, носи смрт во фармите, под знак прашалник е свињарскиот сектор и животната егзистенција на луѓето одгледувачи на свињи.

— реклама —

Кога веќе не прифаќате помош и сугестија од моја страна, еве излезете и кажете ги вашите мерки. Ситуацијата е алармантна.

— реклама —

Непрофесионалноста и импровизацијата како што претходно напоменав се начин на работа на најповиканите и сето тоа демонстрирано во една слика.

Не се почитуваат основните биосигурносни протоколи и мерки, користејќи несоодветни возила, недоволно обезбедени и наместо да ја ограничат болеста, тие ја шират на останатите одгледувалишта.

— реклама —

Прашањето кое треба да се одговори е дали надлежните со овој пристап се со намера да ја ограничат болеста или ќе гледаат кон небо со надеж дека работата сама ќе се заврши“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања