Промени тема
Контакт

Николовски: Креираме нови мерки за одржливо управување и менаџирање со шумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
44768125_184422845817614_2117975289941196800_n

Денеска беше потишан Меморандум за одржливо управување и менаџирање со шумите во државата и трајно зголемување на шумскиот фонд помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

„Со овој Меморандум, ние како ресорно министерство, во координација со ЈП Македонски шуми и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, се обврзуваме да ги унапредиме постоечките и да креираме нови мерки во Програмата за рурален развој, со една единствена цел - зголемување на економските, еколошките и културните вредности на шумите. Токму во овој период се подготвува новата Програма за рурален развој за 2019 година, во која што ќе бидат унапредени постоечките и имплементирани нови мерки за секторот шумарство“, изјави Николовски.

— реклама —

Со Буџетот за 2018 година сумата за Програмата за проширена репродукција на шумите и за Програмата за развој и унапредување во ловството  е зголемена од 10 на 21,5 милиони денари. Овие средства се наменети за унапредување и превентивна заштита на шумскиот фонд и мал дел мерки во ловството. Министерот Николовски потенцираше дека со денешниот Меморандум е планирано креирање и унапредување на  мерките  од Програмата за проширена репродукција на шумите, а преку соработка и комуникација со стручната фела и со претставниците на Здружението, ќе се имплементираат нови мерки од заеднички интерес и ќе се издвојат повеќе финансиски средства. Резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд.

Со овој Меморандум почнува континуирана соработка со „Македонски шуми“, стручната фела и  претставниците на Здружението. Ќе се работи на нови мерки од заеднички интерес и обезбедување повеќе финансиски средства, а резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд. Воедно, Меморандумот предвидува соработка при изработување на Закони и подзаконски акти од областа на шумарството.

— реклама —

Николовски во продолжение најави сериозни реформи во шумарскиот сектор во наредниот период, за што МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО. Конкретно, се развива методологијата за спроведување на Национален инвентар за шумите, која ќе трае до крај на година.

Дополнително, со европската  ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој се планирани 15 милиони евра, со кои за првпат ќе се финансира и секторот шумарството. Парите ќе се искористат за воспоставување шумарски информативен систем, што е важно за одржливо стопанисување со шумите, креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување податоци клучни за развојот на овој сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања