Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Николовски: Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и дека присуствувала на мојата свадба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ljupco-nikolovski

Откако денеска се дозна дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус, информација што ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, одредени медиуми објавија вест дека таа била на свадбата на порнашениот министер за земјоделие и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој викендов правеше свадба во хотелот Александар Палас.

Николовски на ФБ напиша:

— реклама —

Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

— реклама —

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.

— реклама —

Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид - 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.03/posts/1090073818025641

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања