„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Николовски на општинска конференција на СДСМ Штип: Со Николов СДСМ е апсолутен фаворит на изборите во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Lj.Nikolovski-ZOOM-Konferencija-Stip-2

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва присуствуваше на Конференција на ОО СДСМ Штип која поради заштита на јавното здравје се одржа дигитално, на далечина.

— реклама —

На конференцијата беше потврден предлогот на Извршниот одбор на СДСМ, кандидат за градоначалник на СДСМ на предвремените локални избори во општина Штип да биде доктор Сашко Николов, кардиохирург и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, генералниот секретар Николовски истакна дека со Николов, СДСМ е силен фаворит на претстојните предвремени избори за градоначалник на Штип.

— реклама —

- Секому му е јасно дека СДСМ е фаворит на изборите во Штип, и поради кандидатот што го имаме и поради успешните политики во интерес на граѓаните, но и поради досегашната работата на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски. Имаме многу проекти релизирани во Штип, градинка во Сењак, улици, мост, тротоари, водоводи, започнува изградба на браната Отиња и многу други. Тоа му е јасно и на Мицкоски и на сите во ВМРО-ДПМНЕ и затоа бараат одлагање на изборите. Не затоа што се исплашени за здравјето на граѓаните, како што лажат, туку затоа што се исплашени дека убедливо ќе загубат, посочи Николовски.

Генералниот секретар Николовски порача дека СДСМ покажа дека може и знае да организира избори целосно безбедни по здравјето на граѓаните и дека така ќе биде и на локалните избори во Штип.

- Следејќи ги и почитувајќи ги протоколите за заштита, СДСМ организираше избори кои беа максимално безбедни за граѓаните, а успеавме да допреме до секој човек, да ги пренесеме нашите пораки, нашите проекти на коишто како одговорна Влада, веќе работиме. Така сигурни и безбедни ќе бидат и локалните избори во Штип, порача Николовски повикувајќи го членовите како и досега, да водат кампања согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања