Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Николовски на Сител: Оставете ги домашните славења, да бидеме одговорни кон здравјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slava

Генералниот секретар на СДСМ на вестите на телевизија Сител, одговараше на прашања за здравствената криза со Ковид 19. истакна дека приоритет останува почитувањето на мерките предложени од лекарите.

„Да ги почитуваме мерките на Комисијата за заразни болести. Граѓаните имаат голема доверба во лекарите. Сите ние се поставивме посветено и стручно изминатиот период. Да не ги кочиме измените во законите и со тоа да ја подобриме заштитата од вирусот. Мора инспекциските служби да имаат поголеми овластувања. Токму оваа законска измена е во насока на заштита на здравјето. Очекувам дека деновиве ќе се донесат законските измени. Има разбирање од политичките партии и воопшто не треба да преговараме за мерки кои навистина ќе не заштитат.“- изјави Николовски на Сител.

— реклама —

Тој потенцираше дека во моментов е најважно да се носи маска и да се држи дистанца и со тоа да се даде колективен придонес во заштитата од вирусот.

— реклама —

„Не сметам дека во моментот мерката со полициски час ќе даде поголеми резултати, да се обидиме да ги почитуваме доследно овие мерки со носењето маски и држење дистанца. Да ги оставиме на страна домашните веселби, групните славења... И сите да сме одговорни кон ситуацијата. Затоа и со дигиталниот конгрес на партијата ние во СДСМ сакавме да испартиме порака дека се однесуваме совесно и одговорно и дека здравјето на граѓаните ни е најважно, заклучи Николовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања