Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Николовски на состанок со Петрова – Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
DSC07058

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи.

Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија.

— реклама —

„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

— реклама —

На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања