„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Николовски: Обезбедуваме финансиска поддршка за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
53055663_1098238870376639_371751306622140416_n

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Чашка, кадешто имаше средба со сточарите од регионот. На средбата се дискутираше за актелните состојби во секторот, предлозите на сточарите и мерките од новите програми за финансиска поддршка и рурален развој.

— реклама —

Николовски ги информираше дека МЗШВ, заедно со Јавното претпријатије за пасишта ќе изврши измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата.

Во однос на новата програма за рурален развој, Николовски истакна дека за оваа година се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори  кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата. Дополнително, во програмата за финансиска поддршка за 2019 година зголемена е поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари.

— реклама —

МЗШВ во моментот работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до 3 хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над 3 се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања