Промени тема
Контакт

Николовски: Околу 4 милиони денари ќе се исплатат на струмичките земјоделци за штетите од елементраните непогоди во 2017 и 2018 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Shared-from-Lightroom-mobile-1

Околу 450 земјоделци во Струмица ќе добијат обештетување за штетите предизвикани врз земјоделските посеви од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на денешната посета на Струмица. Министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година во 35 општини, вклучително и во Струмица. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Вкупно во 35 –те општини ќе бидат обештетни над 9.100 земјоделци. За Струмица по овој основ ќе се исплатат околу 4 милиони денари.

„Ова беа постапки коишто беа заглавени низ административните лавиринти и законските процедури. Ние ги направивме сите напори да го одблокираме целиот процес, земјоделците да бидат обештетени и врз основа на многу анализи, проценки и врз основа на елаборатите од општините, Владата донесе одлука обештетувањето да биде 10% од проценетата штета. Меѓу овие општини е и елаборатот поднесен од општина Струмица. Во Струмица ќе бидат исплатени околу 450 баратели коишто имаат претпрено штети врз земјоделското производство од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, за што вкупно ќе се исплатат околу 4 милиони денари. Ова е дополнителна поддршка, со којашто решаваме уште еден проблем и на секој можен начин гледаме што повеќе средства од буџетот да стигнат до граѓаните“, изјави министерот Николовски.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука и за исплата на обештетување за штетите од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување и за овие 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 субјекти. Односно, вкупно за овие пет општини ќе се исплатат 41,2 милиони денари.

— реклама —

Согласно двете одлуки за штетите врз земјоделството од елементарните непогоди во 2016, 2017, 2018 и 2021 година ќе се исплатат 4,5 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања