Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, смета дека СДСМ ќе победи на локалните избори, според првичните информации кои тој ги имал од штабовите каде се правеле првите анализи. Според него, изборниот ден бил фер и демократски.
„Првичните информации дека ќе имаме уште една сигурна победа. Честитаме на институциите за спроведените избори. Имавме мирен изборен ден. Бевме сведоци на предизвиците кои се јавија со гласањето со отпечаток од прст, тоа беше нешто што беше укажувано изминатиот период. Но, ова беше услов на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за Изборниот законик, а ние тоа го прифативме за резултатите да бидат кредибилни и никој да не може да ги оспорува. Кај нас започнува обработката на првите податоци, а трендовите кажуваат дека ќе забележиме уште една сигурна победа“, рече Николовски.