Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Николовски: Преку соработка со чешките компании до развој на македонското млекопроизводство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
59990472_290791528474591_5935082707817070592_n

Во рамки на официјалната посета на Република Чешка, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министер, одговорен за ЕУ и меѓународна соработка на Република Чешка, Јири Шир, присуствуваа на Б2Б средбите помеѓу македонски и чешки компании од областа на млекопроизводството. Министерот Николовски во своето обраќање потенцираше дека овие средби претставуваат одлична можност за размена на информации и искуства кои се потребни при донесување одлуки и се почеток на идна соработка. При тоа, Николовски ги презентираше мерките кои МЗШВ ги презема за развој на млечната индустрија, со посебен акцент на мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој.

— реклама —

„Нашата посета на Република Чешка доаѓа во вистинско време, бидејќи развојот на сточарството, вклучително и на млекопроизводството, е од посебен интерес во креирањето на политиките на Владата на РСМ и на Министерството за земјоделство, шумарство и вододостопанство. Индустријата за млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ, а предвидени се и други мерки со кои ќе се поддржи овој сектор. Секако на располагање се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можност за инвестиции во изградба или реконструкција на млекарници, фарми, набавка на опрема и друго“, посочи Николовски.

— реклама —

Токму мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој, беше во фокусот на Б2Б, а целта беше да се идентификуваат можни добавувачи на стелни јуници од Чешка, со цел да се прошири понудата за македонските фармери за набавка на приплоден добиток и поефикасна искористеност на мерката. Во тој контекст, македонските и чешките компании разменија информации и контакти, и истите ќе им бидат презентирани на македонските фармери кои конкурираа на повикот.

— реклама —

На средбата присуствуваа шест македонски и десет чешки компании од млечната индустрија, кои што разменија искуства во областа на млечната индустрија, а разговараа и за можностите за заеднички настап на трети пазари.

— реклама —

Чешка забележува значителен напредок во млечната индустрија поради што нејзините искуства се добредојдени за македонските компании од овој сектор.

Во текот на денешниот ден, министерот Николовски присуствуваше и на отворањето на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Р. Чешка, на кој што компании од цел свет ги презентираат своите производи и достигнувања во областа на сточарството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања