Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Николовски: Северна Македонија сигурно чекори по својот европски пат, добрата регионална соработка е важна за интеграција во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски учествуваше на 17-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, кој оваа година се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина.

— реклама —

Регионалната соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа е важна и клучен фактор во политичката стабилност и безбедност, економска соработка и економски развој на земјите од Југоисточна Европа. Успешната регионална соработка е едно од главните барања во договорите за стабилизација и асоцијација, како и дел од рамката на европската политика за идна интеграција во Европската Унија.

— реклама —

Северна Македонија сигурно чекори по својот европски пат, со поставена јасна цел за членство во Унијата до 2030 година. Преговорите со Европската Унија се веќе започнати, а билатералната средба за поглавјата од кластерот 5 е закажана во текот на овој месец, се истакнува во официјалното соопштение.

— реклама —

„Како држава пред нас си имаме поставено амбициозни рамки, кои го поддржуваат усогласувањето на земјата со правото на Европската Унија. Во последните години Северна Македонија постигна голем напредок и во голема мера го усогласи своето национално законодавство со европското законодавство. Активно се работи во моментов на повеќе законски и подзаконски акти од областа на земјоделството со цел нивно усогласување со најновиот развој на европската регулатива. Тоа се законските решенија во делот на директни плаќања во земјоделството и руралниот развој. Потоа регулација на заедничкиот пазар, органско производство, земјоделското осигурување, рибарство и аквакултура, а подготвен е нов закон за вино целсоно усогласен со регулативите на Европската Унија“, истакна Николовски.


Ги презентираше резултатите на Северна Македонија во резизацијата на ИПАРД 2 програмата и успешниот старт на новата ИПАРД 3 програма.


„Земја лидер сме во искористувањето на средствата од ИПАРД 2 програмата и тоа по неколку основи, имаме најголма 100% реализација на програмата, со нула евра поврат на средства и први во регионот ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. Нашиот успех со ИПАРД го потврди и Европската Унија зголемувајќи ги за 62% средствата на Европската Унија, со што од 60 за новата ИПАРД 3 програма на располагање имаме 97 милиони евра европски средства“, истакна Николовски.


Како држава сме горди што ИПАРД е наша успешна приказна, нагалси Николовски, презентирајќи ги пред колегите министри новостите кои се предвидени во ИПАРД 3 програмата. Една од новите можности која се предвидува со ИПАРД 3 програмата е авансната исплата до 50% од висината на финансиската поддршка веднаш по потпишување на договорот. Реализацијата на новата ИПАРД 3 програма стартуваше на 1 септември преку распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7, каде на располагање беа ставени и првите 30 милиони евра.


Николовски во се осврна и на зелената агенда како важен приоритет во работата на министерството, нагласувајќи дека токму зелената агенда за Западен Балкан 2021-2030 претставува патоказ за одржливо земјоделство, а токму секторот земјоделство, но и руралниот развој имаат важна улога во економскиот развој на државите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања