Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Николовски: Во мај ќе се објави тендерот за изведувач за изградба на хидросистемот во Славишко поле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rankovce5

Министерот за земјоделство ,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски, имааа средби со жителите и земјоделците од овој регион. На средбите се разговараше за актулените состојби во земјоделството, предлозите на земјоделците како и мерките кои што МЗШВ ги презема за развој на земјоделството.

— реклама —

Општина Ранковце е една од локациите каде што ќе се спроведува проектот на Европската унија за изградба на „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Конкретно, во оваа општина се помош на финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ, ќе се гради системот за наводнување на Славишко поле. Министерот Николовски ги информираше земјоделците дека на почетокот на следниот месец, Делегацијата на Европската унија ќе го објави тендерот за избор на компанија изведувач на градежни работи и тендерот за надзор за системот за наводнување на Славишко поле, што е од витално значење за земјоделците од Ранковце.

— реклама —

„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации.Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодтвени култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.

Минатата година се изработи физибилити студијата за хидросистемот во Славишко поле, а вредноста на инвестицијата е 1 милион евра, пари кои се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ. Рокот за изградба на системот за наводнување е 1 година. Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања