„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Нина Ангеловска вели дека ќе вложи максимум во финансиите, оти Заев во неа препознал потенцијал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nina-angelovska

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по денешната седница на Централниот одбор на партијата најави дека утре ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, која е директорка на компанијата „Групер“.

— реклама —

Ангеловска вели дека за неа, ова е шанса да го покаже нејзиното знаење, но и воведе прогресивни фискални политики.

„По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска.

— реклама —

Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.

Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување.

Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните“, вели Ангеловска, кандидат за нов министер за финансии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања