Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Nindza

Обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година и нивните адвокати денеска на вториот ден од тридневната јавна расправа пред Апелацискиот суд во Скопје, продолжија со образложение на поднесените жалби за пресудите по предметот, објави „360 степени“.

Александар Василевски – Нинџа, еден од осудените во случајот “27 април”, утрово пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје им кажа на судиите дека лица кои биле пред судската зграда во придружба на ќерката на Митко Чавков, му се заканувале.

— реклама —

„Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во судската зграда лица од патриотските здруженија кои беа во придружба на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа. А, Чавков директно ми се закани и дента кога беше изречена пресудата на 15 март 2019″, истакна Нинџа и додаде дека закани добивал и од политичари додека бил во притвор.

Нинџа е осуден во предметот на 8 години затвор, додека Митко Чавков од првостепениот суд доби највисока затворска казна од 18 години.

— реклама —

фото: Meta.mk

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања