„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ како што тврдеше, вели одбраната во „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
20170524092354

Сведокот Александар Василевски-Нинџа не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во перидот за кој пред судот кажа дека сведочел како се организирале протестите и упадот во Собранието на 27 април од страна на обвинетите. Ова е заклучокот од вештачењето на вештото лице Мирослав Котевски, во кое се анализираат телефонските броеви и контактите на Василевски-Нинџа, објави А1 ОН. 

— реклама —

Првиот мобилен број на Василевски-Нинџа, според вештачењето, се најавил на микро базната станица „ВМРО“ која го покрива подрачјето каде се наоѓа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дури во 22:08 минути на 27 април 2017 година. Вториот број, пак, во 22:19 минути. Со ова, обвинетите го побиваат исказот на Василевски-Нинџа кој пред судот сведочеше дека во 18:03 минути бил во ВМРО-ДПМНЕ и останал до 19 часот, а од каде се давале наредби за 27 април.

„Првпат и единствен пат на базната станица на ВМРО е прикачен во 22:18 минути на 27 април. Во 22:53 се регистрира бројот на базната станица на ССМ. Согласно воспоставениот сообраќај на бројот од Василевски-Нинџа, во периодот од 16 часот до 23 часот неговата позиција е следна: првата регистрација е во 16:05 и е регистриран на зградата на ССМ. Следното е интернет врска во 16:13 од новата базна станица на Македонски Телеком, тоа значи дека се движел од кејот на Вардар кон плоштадот Македонија. Во 17:12 минути е регистриран на зградата на Алмако, а во 17:14 се пререгистрирал на новата зграда на Телеком. Во 18:57 тој се регистрира на базната станица на Дом на АРМ, а по краток период се регистрира на зградата на ЕВН. Се движел северно од Собранието. Потоа бил регистриран кај Работнички дом. Се движел во реонот на Жена парк-Борец. Следното негово конектирсње е во 22:17 минути и тоа ма базната станица на Алмако. Потоа е регистриран на базната станица на ВМРО. Она што е важно дека тој во 22:19 минути првпат се прикачува на базната станица на ВМРО. Тој тогаш добива повик, но не одговорил. Кога престанува ѕвонењето, следната базна станица каде бројот е регистриран е Алмако. Во зградата или вон зградата бил повеќе од една минута“, рече вештакот Мирослав Котевски.

— реклама —

Текстот во целост на: А1 ОН. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања