Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нино Васев излегува од притвор, судот прифати гаранција од над 180.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Кривичниот суд во Скопје донесе одлука поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, да бидат ослободени од притвор откако прифати гаранции обезбедени со хипотека на недвижен имот во вкупна вредност поголема од 500.000 евра.

— реклама —

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го уважил предлогот на одбраната за замена на мерката притвор со гаранција, а позитивно мислење за тоа дало и Јавното обвинителство.

— реклама —

За Нино Васев е определена гаранција во износ од 183.981 евра, додека за Нехат Нухи гаранцијата изнесува 348.049 евра. И во двата случаи гаранцијата е обезбедена преку ставање под хипотека на недвижен имот во корист на државата.

На обвинетите им се изречени и мерки на претпазливост, меѓу кои: забрана за напуштање на живеалиштето во Скопје, обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот, како и привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нови документи за преминување на државната граница.

— реклама —

Судот при одлучувањето го зел предвид и фактот дека мерката притвор, определена од Апелациониот суд Скопје, согласно со законските одредби, можела да трае најдоцна до 18 јули 2026 година.

— реклама —

Откако Јавното обвинителство се откажало од правото на жалба, а понудените хипотеки биле впишани во Катастарот на недвижности, решенијата станале правосилни и двајцата обвинети биле пуштени да се бранат од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

По една година во притвор, доктор Нино Васев ќе се брани од слобода

Македонија | пред 3 седмици

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Eксперти од Словенија откриваат пропусти во онкологија: Целокупната документација беше многу нецелосна

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Продолжува судењето за Онкологија: Словенечки експерти денеска пред суд

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања