Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Ниски температури, и снег е опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
48388075_1911540288966173_2826031705595314176_n_1911540162299519

Најниската минимална температура утрово била измерена во Берово од -7 степени, -5 степени се измерени на Попова Шапка, -4 во Крива Паланка, Битола, -3 во Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево, Струмица, -1 во Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 степени во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 степен во Штип, Дојран, 2 во Демир Капија, Куманово, Велес, 3 во Претор и Дебар.

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

— реклама —

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

— реклама —

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања