„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ништо од изградба на регионална депонија на југозападот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
deponija

Централните власти се чини немаат план Б како да ја решат правната пат-позиција во која западна проектот за изградба на регионална депонија во југозападниот дел од земјава. Откако граѓаните и локалната власт во општина Дебарца жестоко се спротивставија на идејата на нивна територија да се гради ваква депонија, новиот министер за екологија, Насер Нуредини, бара трпеливост за да се најде решение, објави АлсатМ.

— реклама —

„Има тековни дискусии и има општини во секој регион кои треба да бидат убедени каде да има станици за трансфер и главни депонии. Имаме национален план и работиме на дополнителни разработки на планот. Ја разбирам итноста од аспект дека ова треба да се направи што е можно поскоро, но ве молам разберете дека е потребно да се помине таа процедура“-изјави Насер Нуредини, министер за животна средина.

— реклама —

Но, граѓаните од овој дел на Македонија, а особено од општините Охрид и Струга, немаат време за чекање. Локалните депонии Буково и онаа на влезот на Струга каде сега времено се складира отпадот, треба да се затворат следната година согласно барањата на УНЕСКО. А, во ниту еден од регионите во државава не е изградена современа регионална депонија. Дополнителен проблем, велат од Програмата за развој на Обединетите нации, се и комплицираните процедурите за нивна изградба.

Текстот во целос на : АлсатМ 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања