Ниту Државната изборна комисија не знае кога ќе се затворат изборните места. Ова доаѓа откако во текот на целиот ден имаше гужва на некои од гласачките места. Претседателот Александар Даштевски не знае ниту до кога ќе трае изборниот молк, туку нахнадно откако ќе се затворат сите избирачки места, ќе извести на прес-конференција.
„Ако треба два саати, ќе биде два саати, ако треба три ќе биде три саати. Колку саати им требаат, да им дозволиме на луѓето да гласаат“, рече Даштевски.
Според него, целта е што повеќе граѓани да го остварат правото на глас. Низ цела Македонија има гужви поради реализација на ковид мерките и новиот начин за идентификација на гласачите преку апарати за отпечатоци од прсти. Ставот за продолжување на работењето на избирачките места, е став на сите членови на ДИК.