Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ниту неговите не го штедат Тухел: „Тоа беше катастрофална одлука“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Спорт
media-library3atvpc2tbck43asjMiP
screenshot youtube

По поразот на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, селекторот Томас Тухел се најде на удар не само на англиската, туку и на германската јавност. Неговите тактички одлуки предизвикаа бран критики, а меѓу најгласните беше легендарниот Лотар Матеус.

Според Матеус, Англија имала контрола врз натпреварот сè додека Тухел не решил да ја промени поставеноста на тимот.

„Англија беше подобра сè додека Тухел не ја направи таа тактичка грешка. Неговите измени целосно ја променија структурата на играта и им покажаа на Аргентинците дека сака само да се брани. Зошто да менувате нешто што функционира?“, изјави Матеус, додавајќи дека не може да разбере зошто од игра бил повлечен Деклан Рајс.

Поранешниот германски репрезентативец рече дека овој натпревар го потсетил на финалето од Лигата на шампионите во 1999 година, кога неговиот Баерн водеше против Манчестер јунајтед, но по преминот на дефанзивна игра прими два гола во завршницата и остана без трофејот.

— реклама —

„До постигнатиот гол Аргентина немаше ниту простор ниту вистински шанси. Но, кога Англија премина на игра со пет, односно речиси седум дефанзивци, противникот почна да создава шанса по шанса, а Англија стана премногу пасивна“, оцени Матеус.

Критики упатија и други познати германски фудбалери. Матс Хумелс смета дека Тухел направил сериозна грешка со раното повлекување на тимот.

„Тоа беше промашај. Играта стана премногу пасивна, особено во близина на сопствениот шеснаесетник. Кога прерано ќе се повлечете, предноста што ја имате лесно може да исчезне“, рече Хумелс.

— реклама —

Бастијан Швајнштајгер оцени дека почетната тактика била одлично поставена, но дека Англија подоцна немала храброст да изврши притисок врз Аргентина.

„Колку повеќе му дозволувате на противникот да ве потиснува, толку се поголеми шансите да примите гол. Штета што тимот на Тухел на крајот прими два гола и повторно остана без светската титула“, изјави Швајнштајгер.

— реклама —

Томас Милер, пак, преку социјалните мрежи изрази неверување поради пристапот на Англија по водството.

„Не можам да разберам како Англија играше откако поведе. Како може да му дозволите на противникот постојано да уфрла топки во шеснаесетникот од идеални позиции?“, напиша Милер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања