ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Низ Скопје „бркотница“ меѓу полицијаци и двајца Алжирци - избегале од полицијата, направил судар, па скокнал во Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
policija-1

На 13.03.2020 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон Железничката станица. Веднаш биле упатени дополнител ни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило по бул.„Гоце Делчев“ во правец кон крстосница со ул.„Беласица“. Во близина на МТВ, возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец кон

— реклама —

нас.Керамидница и по кратко време возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардињери и запрел. Притоа, со повреди се здобил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар во обид да им избега на полициските службеници. За кратко време бил изваден од реката, по што

и двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир.

— реклама —

Возилото кое го управувале, го одзеле во текот на ноќта од с.Градец, валандовско. Се работи на расчистување на случајот.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања