„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Низ улиците на Скопје не се вози, туку се лета - казни секојдневно, но џабе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
skopje-ulica-soobrakaj-koli

Во текот на изминатите денови (27 и 28.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 112 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 28 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се 15 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 48 мандатни платни налози и 41 возило е подигнато со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања