Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Низа неправилности во јавен превоз Гостивар - осум возачи без лекарско, тројца без положен возачки испит...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gostivar

На 16.04.2019 година во периодот од 06.00 до 09.00 часот во Гостивар е спроведена акциска контрола со која биле опфатени 35 возила (комбиња) кои вршат јавен превоз. Притоа, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, три возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот.

— реклама —

Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. На 16.04.2019 година на тетовското подрачје, исто така, спроведени се засилени контролни активности во кои биле откриени вкупно 42 прекршоци, најмногу погрешно, односно непрописно паркирање (19). Покрај ова, утврдено е дека седум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, шест возила имале истечена регистрација, пет биле технички неисправни, седум возачи- почетници не се придржувале на законските ограничувања и друго.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања