Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Низа нови мерки кои мора да се почитуваат за заштита од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus

Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти дополнителните мерки и препораки на Владата, а во врска со коронавирусот. Па така, библиотеките, студентски и ученички домови ќе престанат со работа во наредниве 14 дена.

— реклама —

Утврдени се и категориите на хронично болни лица, кои треба да добијат потврда од матичен лекар - станува збор за болните од хронични респираторни болести, малигни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет 1.

Понатаму, им се препорачува на сите вработени лица во здравствениот сектор да не користат годишни одмори, како и платени и неплатени отсуства за време на овој период.

— реклама —

Министерството за здравство телефонскиот број на „Ало докторе“ ќе го пренамени во кол центар, со цел да се зголеми капацитетот за информирање за коронавирусот.

Собранискиот канал и Македонската радиотелевизија ќе бидат должни на дневна основа да ги објавуваат сите заклучоци од Владата во врска со препораките за коронавирусот, исто како и државната агенција МИА.

Се задолжува и МВР во текот на денот да објави соопштение дека ќе има соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации во врска со коронавирусот и за сите медиуми кои истите ги преземаат и ги објавуваат.

Сите вработени во државниот и јавниот сектор, а по препорака и во локалната самоуправа и приватниот сектор кои имаат деца под 10 години и ќе отсуствуваат од работа, ќе треба да достават доказ за оправдано отсуство, односно потврда од градинката/училиштето, копија од патна исправа за возраста на детето, потврда за редовен ученик или копија од свидетелство.

Понатаму, ќе има засилени контроли при излез од земјата, а задолжителна ќе биде и дезинфекција на сите градинки и училишта. Вработените во МВР, Министерството за одбрана, противпожарните екипи, вработените во домовите за стари лица се изземаат од овие мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања